Top Sport

Ферари ќе продолжат со протестите за Рејсинг поинт

Според новинската агенција „ПА“, Ферари остануваат на планот да имаат соочување на суд со Рејсинг поинт со скандалот за копирање на минатогодишниот болид на Мерцедес, откако Рено претходно протестираа трипати пред ФИА.

ФИА одлучи дека Рејсинг поинт ги копирале сопирачките од Мерцедес и добија казна од 400.000 евра и одземање на 15 поени во конструктори, по што Рено се откажа од жалбата со која бараа построга казна, откако претходно тоа го направија и Вилијамс и Мекларен.

Меѓутоа, Ферари немаат ваква намера и сакаат да добијат јасна порака од ФИА што е дозволено во иднина. И покрај одземањето на поени, Рејсинг поинт имаат 2 поени повеќе од Ферари во генерален пласман пред Белгиското ГП овој викенд.

Случајот ќе се одлучува пред Интернационалниот апелационен суд на ФИА, а во случајот се вмешани и шампионите Мерцедес бидејќи се откри дека на 6 јануари тие доставиле цел сет сопирачки на Рејсинг поинт, заедно со комјутерските детали за деловите на болидот.

Scroll to Top