Top Sport

Ферари му го подарија победничкиот болид на Раиконен

Кими Раиконен доби посебен подарок од својот поранешен тим Ферари, кои му го доставија болидот со кој ја оствари последната победа за тимот.

Раиконен во 2007 година ја освои титулата со Скудерија, што останува последен трофеј на славниот италијански тим, но по враќањето во Италија оствари само една победа, на Американското ГП во Индијанаполис, кога постави рекорд за две победи со најголема раздалеченост (112 трки).

Како посвета за заслугата за Ферари, за кои возеше осум години, Ферари му го дадоа овој болид на Финецот, кој веднаш го постави меѓу својата колекција на мотоцикли.

Scroll to Top