Top Sport

Ферари најбрзи на двата тренинзи во Монца, Ферстапен доби казна од пет места за неделната трка

Засега, прославата на 100-годишнината на патеката во Монца и 75-годишнината на Ферари поминува совршено, откако Карлос Саинс постави најдобро време на вториот тренинг пред Италијанското ГП пред шампионот Макс Ферстапен во Ред бул, откако беше потврдено дека Холанѓанецот ќе стартува со казна од 5 места на неделната трка поради менување на моторот.

Саинс на легендарната италијанска патека имаше време од 1:21.664, за 0.143 подобро од Ферстапен, додека Шарл Леклер имаше трето најдобро време со 0.193 секунди послабо време.

Зад нив, Лендо Норис во Мекларен заостануваше повеќе од половина секунда (0.674), пред Џорџ Расел во Мерцедес, Серхио Перез во вториот Ред бул и Луис Хамилтон.

Scroll to Top