Себастијан Фетел, се уште има теоретски шанси, иако во нив никој не верува, дека може да го престигне Луис Хамилтон во генералниот пласман, во шампионатот на Формула 1.
Во неделата, Кими Раиконен, Макс Ферстапен и самиот Фетел ја одложија промоцијата на Британецот во старо-нов светски првак, откако тој не успеа да освои осум бода повеќе од конкурентот од Ферари.
Фетел, во неделата во Остин, во првиот круг направи грешка, имаше контакт со болидот на Даниел Рикардо, поради што падна на 15.место. Подоцна во трката тој сепак успеа да заврши на четвртата позиција, веднаш зад Хамилтон.
Грешките на Фетел и неговиот тим на Ферари се еден од лајт-мотивите оваа сезона во првенството на Формула 1.
По трката за Големата награда на САД, Фетел рекол дека Ферари треба да ги отстрани надградбите на болидот, бидејќи поради нив загубиле многу бодови оваа сезона.
„ Премногу време мина додека сфативме што не кочи. Ако се вративме на болидите што се стари три или четири месеци, тоа само значи дека нешто не е в ред. Важно е што е можно побргу да откриеме што е тоа што не е во ред, јасно е дека не е се идеално. Најлошото нешто кога имате проблем е кога не знаете што го предизвикува. Забележливо е дека не сме брзи како порано, а не знаеме во што е проблемот“, рекол четри кратниот светски шампион.