Top Sport

Ферари останува без двајца клучни инжинери

Италијанските медиуми донесуваат вести што ги загрижуваат фановите. Двајца истакнати експерти од одделот за погонски единици на Ферари ќе го напуштат тимот од Маранело.

Според извештаите на „Кориере дело Спорт“ и порталот „Ауторејсер“, Ферари наскоро ќе остане без Волф Цимерман и Ларс Шмит.

Двајцата се клучни луѓе во одделот за развој на мотори, а наводно ги чека нов предизвик во „Ауди“.

Германскиот производител го презема тимот Стејк оваа зима и веќе започна да го формира својот тим. Точниот датум на нивното заминување од Маранело сè уште не е познат.

Цимерман, лидер на проектот за погонски единици на Ферари, се смета за вистински иноватор во светот на моторите во Ф1. Неговото заминување се смета за особено чувствително за Скудерија.

Сепак, развојот на моторите за 2026 година го води Енрико Гвалтиери, што му дава на Ферари одреден континуитет.

Шмит е главен инженер за развој на перформансите на моторот со внатрешно согорување.

Заедно со Цимерман, се очекува тој да го зајакне проектот Ф1 на Ауди.

Цимерман и Шмит повторно ќе соработуваат со Матија Биното, кој го напушти Ферари на крајот од 2023 година.

Scroll to Top