Претседателот на Ферари Џон Еклан изјавил дека неговиот тим нема да биде доволно конкурентен до 2022 година. Тој истакнал дека има целосна доверба во работата на првиот човек на тимот Матија Биното. Ферари очајно ја започна новата сезона, а веќе неколку години не може да му парира на Мерцедес.
„Оваа година не сме конкурентни поради грешките во дозајнот на болидот. Имаме низа на структурални слабости. Тие подолг период постојат во аеродинамиката на возилото. Исто така изгубивме многу сила во моторот. Реалноста е таква, немаме конкурентно возило. Ставаме темели за да можеме да бидеме конкурентни во 2022 година и да се вратиме на врвот кога ќе бидат сменети правилата“, рекол Еклан за „Газета дело Спорт“.
„Биното има знаење да започне нов победнички циклус. Пред нас е долг пат. Кога Жан Тод го започна историскиот циклус ние во 2000 година прекинавме пост кој траеше 20 години, од 1979 година. Треба да се работи и надвор од патеката, треба да донесеме единство, стабилност, треба чекор по чекор да го градиме Ферари“.
Од наредната сезона Ферари ќе има млада постава, болидите ќе ги возат Шарл Леклер и Карлос Саинц јуниор.
„Маранело ќе им биде дом, ќе бидат блиску до инженерите. Новите машини ќе се раѓаат заедно со нив“, заклучил Еклан.