Top Sport

Ферари се подбиваат со Мерцедес: Ние досега ќе му дадевме договор на Хамилтон

Шефот на Ферари, Матија Биното во помалку зачудувачка изјава вели дека му е преку глава што Мерцедес секогаш имаат „мислење“ за секоја тема во Ф1, и ги критикуваше за тоа што уште не го продолжиле договорот со Луис Хамилтон.

Договорот на шесткратниот Ф1 шампион Хамилтон завршува на крајот на 2020, исто како и на неговиот колега Валтери Ботас, но германскиот тим потврди дека нема да има договор пред стартот на сезоната 2020, а во исто време Тото Волф изјави дека е зачудувачки што Ферари толку рано го објавиле заминувањето на Себастијан Фетел и доаѓањето на негова замена Карлос Саинс Јуниор во 2021.

„Околу нашата одлука за возачите, задоволен сум што Мерцедес секогаш имаат ’мислење’ за нас. Од друга страна, јас сум изненаден што уште немаат договор со Хамилтон. Да бевме во нивна ситуација, тој одамна ќе имаше договор. Ние одлучивме да бидеме транспарентни со Себ, бидејќи тој самиот сакаше да размисли за иднината. Нашиот избор беше фер“, вели Биното во интервју за „Ла стампа“.

Scroll to Top