Top Sport

Е ова е крвав спорт – „Полскиот Тајсон“ Кужма со брутален нокаут (видео)

Послкиот фајтер во борби без ракавици, Кристијан Кужма го оправда својот прекар „Тајсон“, откако имаше брутален нокаут во полуфиналето во тешка категорија на Громба настанот во Полска.

Во дуели во кои се чека нокаутот, и петтата рунда од борбата нема временско ограничување, Кужма осигура дека гледачите нема да бидат разочарани, соборувајќи го Лукаш „Бродач“ Залуска со еден од најбруталните нокаути кои сме ги виделе.

Залуска остана неколку минути на подот добивајќи медицинска помош, додека Кужма го прославуваше пласманот во финалето, каде што исто така победи со нокаут во првата рунда.

Scroll to Top