Top Sport

Ферари со големи промени пред Барселона – ново предно и задно крило

Откако во првите четири трки од новата сезона гледаа како Мерцедес стигнува до четири 1-2 победи, Ферари на стартот на европската сезона на патеката „Каталуња“ покрај Барселона ќе пристигне со голем редизајн на болидот со главна цел да се зголеми потисната сила откако недостатокот предизвика проблеми со меките гуми на Пирели.

Иако изгледаше дека Ферари имаат најбрз болид неколку пати на првите четири трки од сезоната, порад различни причини, меѓу кои и грешки на возачите, нивни најдобар пласман е третото место. Барселона никогаш не била најдобра патека за Ферари, бидејќи последната победа ја имаат во далечната 2013 година, но секогаш е место каде што тимовите ги носат првите големи подобрувања од стартот на сезоната.

Според „Моторспорт“, Ферари ќе има обновено предно и задно крило за подобра аеродинамика и поефикасно ладење на гумите. Не се очекува Ферари да го презентира вториот мотор оваа сезона барем уште неколку трки, бидејќи на него уште се работи во фабриката во Маранело.

Scroll to Top