Top Sport

Дали е ова најлошиот удар во историјата на СП во снукер? (видео)

Гери Вилсон го има својот турнир од соништата, откако стигна до полуфиналето на Светското првенство во снукер во Шефилд, но според многумина ќе биде запаметен и по најлошиот удар во историјата на шампионатите.

35-годишниот Англичанец, кој претходно ги елиминираше Марк Селби и Али Картер на патот до полуфиналето, каде што игра против Џад Трамп,  во деветтиот фрејм го имаше својот „момент на лудило“.

При 33:49 за противникот, Вилсон имаше можност лесно да ја уфрли црвената топка, но наместо тоа направи лоша проценка.

Scroll to Top