Top Sport

Ферари со горивото успеале да го надополнат дефицитот до Мерцедес?

Иако неодамна шефот на тимот Матија Биното тврдеше дека во Ферари немаат „магично стапче“ да ја надополнат разликата која постои од тимовите на Мерцедес и Ред бул, италијанските медиуми тврдат дека во Скудерија го надминале дефицитот во коњски сили во моторот со транзицијата на Е10 горива за 2022.

Како дел од програмата на Ф1 за оддржливост на спортот, следната сезона една од промените во спортот е воведувањето на Е10 горива – односно нова мешавина на 90 отсто фосилни горива со 10 отсто етанол, а покрај тоа се „замрзнува“ и развојот на моторите.

Воведувањето на етанолот претставува огромен инженерски предизвик за производителите за оптмизација на моќта на моторите, и најавите се дека моторите за 2022 ќе имаат најмалку 20 отсто помала моќ од таа во 2021.

Според „Моторспорт Италија“, моторот на Ферари за 2022 веќе ја надминал моќта на 065/66 моторот кој се користеше на крајот на сезоната 2021 и со кој Скудерија го обезбедија третото место во генерален пласман победувајќи ги Мекларен. „Шел“, како долгогодишен партнер на Ферари подолго време врши анализа на новите горива и првиот придонес на ова е надминувањето на ограничувањето на моќта и според „Моторспорт“, првите тестови покажуваат слично ниво на моторите на Хонда и Мерцедес.

Меѓутоа, за скок во перформансите не е потребен само силен, туку и сигурен мотор, а прашање е дали во Хонда и Мерцедес имаат сличен прогрес.

Scroll to Top