Top Sport

Били Берон ја „уништи“ Звезда, Уникс лесно со шампионот

Били Берон постигна фантастични 25 поени за да помогне Зенит Санкт Петерсбург да го добие епското продолжение против неговиот поранешен клуб, Црвена звезда во Белград за 80:76 победа во 18. коло за четврта победа во низа во последниот меч од 2021.

Берон додаде 6 асистенции и 4 скока, а беше одлучувачки играч во второто полувреме, додека Џордан Мики уфрли 13 поени за рускиот тим. Во неверојатна израмнета завршница, Алекс Потирес направи фаул над Лука Митровиќ на 1:19 пред крајот и со Звезда во посед на топката. Џордан Флојд израмн ина 69:69 за да примора израмнување. За Звезда Нејт Волтерс имаше 21 поен, 6 скока и 5 асистенции.

Уникс Казан, пак, предводени од Џон Браун стигнаа до 75:67 победа над актуелниот шампион Анадолу Ефес, за да го подобрат скорот на фантастични 11-7, додека Ефес падна на 9-9. Уникс имаа неверојатен старт со 17:0, но потоа турскиот клуб се врати.

ЕВРОЛИГА, 18.КОЛО

Уникс Казан – Анадолу Ефес 75:67 (24:17, 18:21, 15:11, 18:18)

Црвена звезда – Зенит Санкт Петерсбург 76:80 (21:29, 21:15, 15:6, 12:19, 7:11)

Басконија – Барселона 94:75 (20:23, 20:11, 34:20, 20:21)

Scroll to Top