Top Sport

Ферари со поголем буџет по титула во 2019!

Додека во исто време се вршат преговори за ограничување на буџетот на Формула 1 тимовите од 2021 година, Ферари планираат да потрошат повеќе пари оваа сезона во обид да ја освојат првата титула по 11 години.

Славниот италијански тим нема трофеј од тој во конструктори во 2008 година, додека Кими Раиконен беше последниот возач-шампион една година претходно.

Ферари се раздели со шефот Маурицио Аривабене, поставувајќи го на негово место поранешниот главен технички директор Матија Биното во обид да ја прекинат доминацијата на Мерцедес во В6 турбо-хибридната ера по две сезони во кои Себастијан Фетел беше блиску само половина сезона до Луис Хамилтон.

„Нашите перформанси минатата сезона беа најдобри од освојувањето на титулата во 2008 година, но амбицијата да го кренеме пехарот не се исполни. Целта и следната сезона ќе биде иста. Во 2019 ќе ги зголемиме трошоците за да се покаже оваа амбиција и да се работи на новите тактички регулативи од 2021 година“, изјави претседателот на Ферари, Луис Камилери.

Фото: ЕПА

Scroll to Top