Шарл Леклер , на огромна радост на тифозите победи во Монца на трката за Големата награда на Италија. Ферари, на својата домашна патека, по долго време со стратегијата ги изненади конкурентите и му овозможи на леклер да ја забележи седмата победа во кариерата, втора сезонава, откако претходно победи во Монте Карло. Ова е прва победа на Ферари на домашен терен по пауза од пет години, кога исто така победи Леклер.
Покрај возачот на Ферари место на подиумот изборија возачите на Мекларен, Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Леклер, трката во Монца за ја почна од четвртата позиција, во порвите десет круга успеа да се пробие на второто место, а победата му ја овозможи стратегијата со едно влегување во боксот. Возачот од Монте Карло на промена на гумите влезе во 15.круг и успеа да издржи на тврдите пневматици до крајот.
Траката ја обележа и двобојот на тимските колеги во Мекларен. Пјастри на стартот изведе ризичен, но храбар напад и успеа да го помине Норис кој стартуваше од пол-позицијата.
Бодови во Монца освоија и Карлос Саниц (Ферари), Луис Хамилтон (Мерцедес), Макс Ферстапен (Ред Бул), Џорџ Расел (Мерцедес), Серхио Перез (Ред Бул), Кевин Магнусен (Хас) и Алекс Албон (Вилијамс).
По трката во Монца, Ферстпен на врвот има 62 поени повеќе од Норис, додека во конкуренцијата на конструктори, Мекларен ја намали предноста на Ред Бул на само 18 бода.