Top Sport

Ферари убедливи на стартот во Монако – ќе ја скрши ли Леклер „клетвата“?

Шарл Леклер беше најбрз на двата тренинзи пред својата домашна трка, славното Монако ГП, за да покаже дека Ферари уште ја имаат предноста пред Ред бул по трите победи во низа на ривалите од Ред бул, односно на Макс Ферстапен.

Леклер во втората сесија на улиците на Монте Карло беше само 0.044 секунди побрз од својот колега Карлос Саинс Јуниор, додека ривалите од Ред бул заостануваа над 3 десетинки – Серхио Перез беше трет со 0.379 послабо време, а Ферстапен на четвртото место беше поспор за 0.447 секунди.

Остатокот од ривалите заостануваа над половина секунда – Лендо Норис беше петти за Мекларен пред британскиот сонародник Џорџ Расел во Мерцедес, а во топ 10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Фернандо Алонсо (Алпине), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Алфа Таури).

Леклер нема победа на својата домашна трка.

Scroll to Top