Фернандо Алонсо потврди дека бил на нова операција на вилицата по минатогодишната велосипедска несреќа, во која беа отстранети титаниумските плочки кои му беа вградени
Двократниот Ф1 шампион, возачот на Алпине, минатиот февруари додека возел велосипед бил удрен од автомобил, по што мораше да оди на повеќечасовна операција на лицето и вилицата. Операцијата се случила во Берн и 40-годишниот Шпанец излегол од болница по два дена.
„Поминав малку време во болница, но сега сум океј“, изјави Алонсо.