Top Sport

Фернандо Алонсо се „раздели“ со Мекларен

Двократниот Формула 1 шампион, Фернандо Алонсо веќе не е партнер на Мекларен ниту во Формула 1, ниту во Инди 500, откако двете страни решија „мирољубиво“ да се разделат.

Алонсо се пензионираше од Ф1 на крајот на минатата сезона, но остана под договор со Мекларен за да се обидат да стигнат до победа на Индијанаполис 500 трката, по што следуваше големото фијаско – Алонсо не успеа да се квалификува за трката, нешто што очигледно го налутиле Шпанецот.

„Фернандо, како сите возачи на Мекларен, сега или во минатото, ќе остане дел од семејството на Мекларен. Но, веќе немаме планови тој да вози во Ф1 сесии и ќе се фокусираме на нашите возачи Карлос Саинс Јуниор и Лендо Норис. Му посакуваме среќа во иднина“, изјави портпаролот на Мекларен.

Алонсо на двапати возеше за Мекларен во Ф1. Прво во 2007 година кога дојде како двократен шампион од Рено, но во бурната сезона со Луис Хамилтон како партнер, тој ги обвини првите луѓе на тимот дека го фаворизираат дебитантот Хамилтон и си замина. Во 2015 година, тој повторно се врати во тимот, но Мекларен веќе немаа болид за борба за титулата, по што стартуваше катастрофалното партнерство со Хонда.

Тој си замина на крајот на сезоната 2018 за да ја брка „тројната моторспорт титула“ – Монако ГП во Ф1, Индијанаполис 500 и 24 Часа Ле Ман.

Scroll to Top