Top Sport

Ферстапен: Барем мојот колега да беше спор како Ботас!

Макс Ферстапен не престанува со „ударите“ кон шампионскиот тим на Мерцедес. Откако претходно изјави дека болидот, а не Луис Хамилтон е најзаслужен за титулата во 2018, сега вели дека посакува и тој да има клупски колега „кој не е толку брз“ како што има Хамилтон во Финецот Валтери Ботас.

Ферстапен беше четврти во генерален пласман во 2018 година и тесни битки со Даниел Рикардо, додека Хамилтон оствари 11 победи во споредба со ниту една на Ботас.

„Повеќето возачи би го освоиле трофејот со тој болид, посебно кога покрај себе имате колега кој не е толку брз. Ако вашиот колега секогаш вози толку далеку зад тебе, лесно се собираат поените. Јас го имав Даниел Рикардо многу поблиску до мене и тогаш навистина мораш да се бориш за поените. Хамилтон, да, се бореше со Ферари и мораше да остане подготвен, но некогаш кога имаш послаб колега, можеш да бидеш релаксиран“, вели Ферстапен.

Следната сезона Ферстапен ќе има нов колега во Французинот Пјер Гасли, откако Рикардо замина за Рено.

Scroll to Top