Top Sport

Ферстапен беше најбрз, но Леклер ќе ја има пол-позицијата на „Спа“

Втора година по ред, Макс Ферстапен, победи во квалификациите за Големата награда на Белгија, но нема да може да стартува од пол-позицијата на „Спа“ поради казна. Така, првата позиција на стартниот ред в недела ќе ја заземе Шарл Леклер, кој заврши како второпласиран во денешните квалификации. Тоа ќе биде пол-позиција број 20 во неговата кариера во Формула 1.

Ферстапен на патеката триумфираше со време од 1:46.168, што беше за цели 0.820 секунди подобро од тоа на Леклер. Трет во сесијата заврши клупскиот колега на Ферстапен од Ред Бул, Серхио Перез, кој беше за 0,877 побавен од светскиот шампион.

Самите квалификации беа многу интересни бидејќи во текот на сесијата патеката стануваше сè побрза и побрза бидејќи постојано се сушеше. Возачите на почетокот имаа интермедијални гуми, но на средината од втората фаза ги сменија за да ги возат решавачките 12 минути.

Scroll to Top