Двократниот светски шампион и прва ѕвезда на Ред бул рејсинг, Макс Ферстапен би сакал да добие „реванш“ со Луис Хамилтон и Мередес за светската титула бидејќи тоа би било одлично за спортот.
Ферстапен е супериорно на пат он трета титула, со предност од огромни 53 поени пред колегата Серхио Перез. По трилер-битката со Хамилтон во 2021 која заврши со контроверзна победа на Холанѓанецот на последната трка од сезоната во Абу Даби, Ферстапен доминира без вистински ривал на патеката. Ферари на почетокот на минатата сезона беа вистински ривали, но во вториот дел од сезоната, Ферстапен имаше пресилен болид.
„Би било одлично за спортот ако имате повеќе тимови кои се борат напред. Мислам дека тоа е главната цел на Формула 1 и би било неверојатно да има таква битк напред. Се надевам дека другите тимови ќе бидат поблиску“, вели Ферстапен.