Top Sport

Ферстапен до пол-позиција во Холандија

Макс Ферстапен од Ред Бул, кој доминира сезонава во Формула 1, обезбеди нова пол-позиција и ќе стартува од првото на патеката во Холандија. Тој беше најбрз на денешниот официјален тренинг, извозе круг со време 1:10,567 минути и за половина секунда беше побрз од Ландо Норис.

На третото место се најде Џорџ Расел, а до него ќе биде Албон. Потоа следуваат Алонсо, Сајнц, Перез, Пјастри, Леклер и Сарџент.

Поранешниот светски првак Луис Хамилтон не успеа да влезе во завршната сесија и утре ќе тргне од 13. позиција.

Scroll to Top