Top Sport

Ферстапен е безмилосен како Шумахер и Сена

Советникот на Ред бул рејсинг, Хелмут Марко вели дека новиот светски шампион Макс Ферстапен е исто толку безмилосен како големите возачи од минатото, Аиртон Сена и Михаел Шумахер.

Во интервју за „Ауторевју“, Марко го пофали холандскиот возач кој им ја донесе петтата светска титула на Ред бул во драматичното финале во Абу Даби и иако призна дека е тешко да се споредуваат возачите од различните ери, нешто ги обединува.

„Такви возачи имаат комплетна фокусираност, која исто така можете да ја наречете безмилосност. Нема ништо во умот освен: ‘Сакам да победам, и ќе направам се за да стигнам до таму’. Погледнете го последниот квалификациски круг во Саудиска Арабија, тогаш најјасно се гледаше дека се обидуваше да го вози болидот над лимитот“, вели Марко.

Покрај овој квалитет, Марко смета дека Ферстапен покажал зрелост која му помогнала да направи минимален број на грешки во 2021.

„Веќе не е немирен. Во минатото сакаше многу работи да ги направи во првиот круг и ако нешто не му одеше од рака, ќе експлодираше. Овојпат, останува смирен“, додава Австриецот.

Scroll to Top