Top Sport

Деле Али им се заблагодари на навивачите на Тотенхем

Деле Али им упати емоционална порака на навивачите на Тотенхем, откако на последниот ден од зимскиот преоден рок потпиша двеиполгодишен договор со Евертон, заминувајќи си по седум години во лондонскиот клуб.

25-годишниот Али, кој имаше драматичен пад на формата во последните две сезони и конфликти со тројцата тренери со кои работеше (Жозе Мурињо, Нуно Еспирито Санто и Антонио Конте), им вети на фановите дека ова е „крај на поглавјето, но не и на книгата“.

„Ви благодарам на сите пораки, поминав прекрасни 7 години во Тотенхем и добив долгогодишни пријатели кои сега ми се како дел од семејството. Сакам на моите браќа да им посакам среќа оваа сезона и во иднина, а за фановите, никогаш нема да ја заборавам поддршката која ја имав во одличните денови заедно. Да се игра за вас беше остварување на сонот и секогаш ќе бидете во моето срце. Посебна благодарност за Маурисио (Почетино) и неговиот тим за довербата која ми ја дадоа на почетокот на кариерата“, пишува Али.

Scroll to Top