Top Sport

Ферстапен е „кнез“ на Монако и нов лидер во генерален пласман!

Макс Ферстапен стигна до својата втора победа во Формула 1 шампионатот оваа сезона, триумфирајќи сигурно пред Карлос Саинс Јуниор во Ферари и Лендо Норис во Мекларен, за да стане нов лидер во генерален пласман по пет трки, откако шампионот Луис Хамилтон заврши како седми во кошмарна недела за Мерцедес.

Неделата започна драматично за освојувачот на пол-позицијата, Шарл Леклер во Ферари, откако италијанскиот тим го повлече Леклер од неговата домашна трка бидејќи не успеа да го санира оштетувањето на менувачот добиено по судирот во саботата. Ова значеше дека Ферстапен има слободен простор пред него, за на стартот да остане во водство и покрај предизвикот од Валтери Ботас во вториот Мерцедес.

Бидејќи на тесните улици на кнежевството е речиси невозможно да се претекнува, Ферстапен остана сигурен до финишот на трката без вистински предизвикувач, посебно откако Ботас имаше нова несреќа – при единственото влегување во боксот неговиот тим не успеа да отстрани едно негово тркало, што значеше крај на трката.

Луис Хамилтон, пак, исто така немаше среќа со влегувањето во боксот, останувајќи на седмото место, со што му дозволи на Ферстапен да стане втор лидер. Четврт беше Серхио Перез во вториот Ред бул, Себастијан Фетел имаше необична трка за да заврши како петти за Астон Мартин, додека Пјер Гасли успеа да го заддржи Хамилтон за шестото место. Во поени завршија уште Ленс Строл на деветтото место во вториот Астон Мартин, Естебан Окон во Алпине, а Антонио Џовинаци го освои последниот поен, прв за Алфа Ромео оваа сезона.

 

Scroll to Top