Макс Ферстапен не верува дека Мерцедес имаат проблеми со својот болид, оценувајќи дека ја препознал нивната тактика на тестирањето пред стартот на сезоната.
Мерцедес имаа проблематични три дена тестирање во Бахреин, и многумина прогнозираат дека нивното седумгодишно владеење со Формула 1 може да заврши во новата сезона, а тимот на Ферстапен, Ред бул се вистинските фаворити. Сепак, Холанѓанецот вели дека ја познал програмата на „сребрената стрела“.
„Да, тие се брзи. Можевме да видиме што прават со податоците – го возеа првиот круг со помалку моќ. Потоа возеа два тивки круга, по што имаа втор летечки круг. Во тој добија половина секунда на моќ од моторот. Извртувањето на Хамилтон? Имаше многу ветер кој правеше проблеми и не треба да се гледа многу на тоа. Првиот ден можеби имаа проблеми, но потоа изгледаа стабилни. Очекувам дека ќе бидеме блиску до нив, но немаме супериорност. Мислам дека Мекларен се трет тим зад нас“, вели 23-годишниот Холанѓанец.