Top Sport

Бенитез: Клоп може да го повтори „чудото“ од Истанбул

Ливерпул може има катастрофална сезона во Премиер лигата, но може да се закити оваа сезона со најголемиот трофеј, тој од Лигата на шампионите, вели Рафа Бенитез, човекот кој го направи „чудото“ од Истанбул против Милан во 2005 година.

Бидејќи и овогодишното финале од ЛШ се игра на „Ататурк“ стадионот во Истанбул, Бенитез смета дека Јирген Клоп и неговиот тим се подготвени да одат до крај во Европа и покрај тоа што ждрепката сакаше да играат со Реал Мадрид во четврт-финалето.

„Секако дека може да се повтори! Ливерпул има потенцијал за такво нешто и вистински менаџер. Луѓето зборуваат за Истанбул како да имавме среќа. Немавме среќа да ја освоиме ЛШ бидејќи игравме со Јувентус во четврт-финалето, а потоа и Челси во полуфиналето во моменти кога имаа најсилен тим во Европа. Имавме верба во нашата сила и тоа го има и овој тим“, вели Бенитез.

Ако ги поминат Реал Мадрид, Ливерпул ќе играат со Челси или Порто во полуфиналињата. Финалето во Истанбул е на 29 мај.

Scroll to Top