Top Sport

Ферстапен го истурка Леклер и победи на Ред бул ринг (засега условно)! (видео)

Беа потребни девет трки на календарот, но се случи – конечно Ф1 трка во 2019 во која победник не е возач на Мерцедес. И спротивно на очекувањата, победник не беше возач на Ферари, туку Макс Ферстапен пред своите верни навивачи во Австрија.

Ферстапен иако беше втор на стартот на трката, имаше ужасно стартување и падна на седмото место, но во лудиот финиш на трката успеа да ги претекне Себастијан Фетел, Валтери Ботас и Луис Хамилтон за во претпоследниот круг да го помине и Леклер, кој дотогаш беше супериорно напред, но во меѓувреме го истурка од патеката, и стјуардите најавија дека ќе го разгледаат инцидентот.

Доколку добие казна, ќе се фрли сенка на победата на Ферстапен и Ред бул на нивната патека во Шпилберг, и исто така првата победа на „бикот“ со мотори на Хонда, по крајот на партнерството со Рено минатата сезона.

Ботас на крајот остана на третото место, пред Себастијан Фетел, кој во последниот круг успеа да го помине Луис Хамилтон во необична битка. Во поени беа и фантастичниот Лендо Норис за Мекларен на шестото место, Пјер Гасли (Ред бул), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен), Кими Раиконен (Алфа Ромео) и Антонио Џовинаци (Торо росо).

Scroll to Top