Макс Ферстапен со Ред бул постави најдобро време на вториот тренинг пред Руското ГП во сочи, победувајќи го Шарл Леклер, кој беше најбрз на првата сесија на патеката во Сочи, додека шампионите Мерцедес не покажаа многу.
Откако беше блиску зад Леклер на првиот тренинг на „Сочи автодромот“, Ферстапен беше побрз за три десетинки од секундата од Леклер, поставувајќи најдобар круг од 1:33.162 на „меки“ гуми, иако се пожали дека немал „совршен последен сектор“.
Леклер беше втор пред двојката на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон, кои не можеа да го достигнат времет о на своите ривали – Ботас заврши шест десетинки од секундата зад Ферстапен, а Хамилтон заостана дополнителни две десетинки. Хамилтон покрај тоа, имаше еден опасен момент со Александер Албон во вториот Ред бул, кога за малку ќе се судреа на третата кривина.
Себастијан Фетел имаше лоша сесија со неколку грешки за да биде петти со една секунда заостанување зад Ферстапен. По него следуваше Пјер Гасли за Торо росо на шестото место, пред Серхио Перез, Нико Хилкенберг и Ленс Строл, додека Албон беше 10. откако имаше малку време на патеката поради оштетување на подот на болидот.
CLASSIFICATION: END OF FP2
Max Verstappen takes P1 in FP2, ahead of Charles Leclerc ?
Mercedes break into the top three with Valtteri Bottas#RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/1JnkTA6LuY
— Formula 1 (@F1) September 27, 2019