Top Sport

Ферстапен го победи Леклер во спринтот на „Имола“

Макс Ферстапен  денеска славеше и на првата спринт трка во новата натпреварувачка сезона во Формула 1.

Актуелниот шампион го загуби првото место пред првиот свиок од Шарл Леклер поради лошиот старт, но сепак чекаше за завршен удар пред финишот и се избори за посакувана ситуација.

Ферстапен го престигна Леклер од надворешна страна на еден круг пред крајот, а потоа лесно ја одржа предноста и оствари победа на спринт трката во Италија.

Ферстапен освои осум бода и си обезбеди прво стартно место за утрешната трка, на која Леклер ќе биде втор, Перез трет, а Саинц кој направи пресврт ќе стартува четврт. Меѓу првите десет се уште Норис, Рикиардо, Ботас, Магнусен, Алонсо и Шумахер.

Scroll to Top