Top Sport

Ферстапен: Хамилтон имаше многу среќа што освои седум титули

Новиот Ф1 шампион, Макс Ферстапен инсистира дека неговиот лут ривал Луис Хамилтон имал „многу среќа“ што стигнал до седум светски круни.

Серијата на Хамилтон беше прекината лани токму од возачот на Ред бул, Ферстапен во драматичната последна трка од сезоната во Абу Даби, по која Хамилтон влезе во „молк“ без ниту едно интервју и со шпекулации дека е подготвен да се повлече од спортот. 2021 беше прва година во турбо-хибридната ера во Ф1 во која Мерцедес не освоија титули – во претходните шест седум години, Хамилтон освои една титула, а една отиде кај Нико Розберг.

„Работите кои ќе дојдат понатаму во мојата кариера се само бонус и ќе уживам во нив. Морате да имате многу среќа да се борите за седум или осум титули. За тоа ви е потребен многу доминантен тим, така што многумина не добиваат таква шанса. За мене, секогаш сум сакал да имам една титула, и потоа ќе видиме што ќе добијам плус“, вели Ферстапен за „Карнекст“ магазинот.

Scroll to Top