Top Sport

Ферстапен: Хамилтон не сака ниту да го спомене моето име

Светскиот шампион, Макс Ферстапен инсистира дека го почитува својот ривал Луис Хамилтон и неговите остварувања во Формула 1, но не верува дека тоа чувство доаѓа и од страна на британскиот седумкратен шампион, велејќи дека слушнал дека Хамилтон „одбива да го изговори неговото име“.

Минатата сезона лутото ривалство меѓу Ферстапен и Хамилтон, како и меѓу нивните тимови Ред бул и Мерцедес, на моменти ги надминуваше рамките на спортско натпреварување со два големи судири и со контроверзниот финиш на шампионатот во Абу Даби кога Ферстапен стана шампион по сомнителната одлука на ФИА со претекнување во последниот круг.

Оваа сезона, најмногу поради доминантноста на болидот на Ред бул, нема вакво ривалство, но Ферстапен чувствува поинаков однос.

„Луѓето ми кажаа дека тој воопшто не сака да го спомене моето име. Ме научија да морам да го почитувам остварувањето на другите. Немам проблем со тоа што Луис го има остварено. Тој е еден од најдобрите во историјата, и добро знам дека не се работи само за машините кои ги возеше. Сите го знаеме тоа. Мораме да препознаеме дека тој заврши фантастична работа“, вели Ферстапен во интервју за „Дејли мејл“.

Scroll to Top