Top Sport

Калин Ивановски го крена трофејот во Хераклион

Најголемата надеж на македонскиот тенис, Калин Ивановски ја продолжи фантастичната 2022 сезона со освојувaње на ИТФ турнирот М15 во Херклион, Грција со победа над првиот носител на турнирот, Романецот Себастијан Гима.

18-годишниот Ивановски, кој беше трет носител на М15 турнирот, со 6:1/6:1 за само еден час и една минута игра на хардкорт терените на Крит, стигна до убедлива победа, по што ќе има скок на АТП листата, каде што во моментов е на 746. место.

Ивановски стигна до трофејот без загубен сет на турнирот.

Scroll to Top