Top Sport

Ферстапен: Хамилтон сака да го купи Челси? Па, нели навиваше за Арсенал?

Светскиот шампион Макс Ферстапен се потсмеваше со својот ривал Луис Хамилтон по вестите дека седумкратниот шампион е вклучен во обидот да го купи Челси, велејќи дека „мислел дека навива за Арсенал“.

Хамилтон, заедно со тениската легенда Серена Вилијамс, се дел од конзорциумот на Сер Мартин Бротон кој се обидува да го купи Челси од Роман Абрамович, иако, навистина Хамилтон повеќе пати изјавуваше дека е „топчија“.

„Јас сум навивач на ПСВ и никогаш не би го купил Ајакс, на пример. И ако би се решил да купам фудбалски клуб, би сакал да бидам целосен сопственик и сам да ги носам одлуките. Мислев Луис е навивач на Арсенал? Ако си навивач на Арсенал, а сакаш да  го купиш Челси… Тоа е интересно. Но, на крајот секој може да прави што сака со своите пари“, изјави Ферстапен.

Хамилтон и Серена можат да станат сопственици на Челси

Scroll to Top