Top Sport

Хамилтон и Серена можат да станат сопственици на Челси

„Скај спорт“, тврди дека, Луис Хамилтон и Серена Вилијамс сакаат да бидат сопственици на Челзи. Славните спортисти ќе се приклучат на конзорциумот предводен од Сер Мартин Бротон.

Роман Абрамович веќе некое време се обидува да го продаде Челзи поради строгите санкции што ги воведе британската влада. Како купувачи се споменуваат различни имиња, а меѓу нив сега се Луис Хамилтон и Серена Вилијамс.

Возачот на Формула 1 и повеќекратната Гренд слем шампионка, поединечно би вложиле по 10.000.000 фунти во конзорциумот предводен од Мартин Бротон. Покрај овој, уште два конзорциуми останаа во трката за купување на челси.

Инаку, и Хамилтон и Вилијамс веќе имаат развиено бизниси во кои инвестирале пари во претходните години. Луис ги поддржа компаниите како апликацијата „Zapp“. Станува збор за апликација која служи за доставување храна и намирници. Серена има фонд кој инвестира во старт-ап компанија која развива спортска технологија.

Инвестицијата на Хамилтон во Челзи е многу изненадувачка бидејќи е познат како навивач на Арсенал.

Scroll to Top