Една од поголемите промени кои ги чекаат Ф1 фановите следната сезона, е таа на тимот на Ред бул, кој ќе почне да соработува со јапонскиот гигант Хонда, прекинувајќи ја долгогодишната соработка со Рено, која пред пет години им донесе низа од четири титули едноподруго.
Макс Ферстапен следната година исто така ќе има нов колега во Пјер Гасли по заминувањето на Даниел Рикардо во Рено и очекува многу од соработката со Хонда, иако таа се покажа неславна за тимот на Мекларен, кои раскинаа по три заеднички години.
„Очекувам Хонда да го развијат најбрзиот и најпостојаниот мотор, и јасно им кажавме дека е потребна маисимална моќ без ограничувања за големината, по што ние ќе се погрижиме да го собере во болидот. Тоа е поинаков пристап отколку на Мекларен. Ние ќе бидеме единствени партнери на Хонда преку Ред бул и Торо росо и тоа е голема предност. Мислам дека Хонда веќе го има поминато Рено во однос на чистите перформанси на моторот“, вели Ферстапен.
На оваа „верба“ на Ферстапен се надоврзува и последниот извештај на порталот „Моторспорт“, кој тврди дека Хонда веќе има мотор кој заостанува само 20 коњски сили зад тие на Мерцедес и Ферари.
Фото: ЕПА