Тркачкиот ас на Ред бул, Макс Ферстапен ги обвини стјуардите во Формула 1 дека го „убиваат“ спортот, повикувајќи ги фановите да не доаѓаат на Ф1 трките во знак на протест, откако му беше одземено местото на подиумот на Американското ГП.
20-годишниот Холанѓанец ја воодушеви публиката на „Патеката на Америките“ во Остин со претекнување над Кими Раиконен во Ферари да го освои третото место, но стјуардите оценија дека излегол од границите на патеката по што доби казна од 5 секунди и на крајот заврши на четвртото место.
Трката за Ферстапен беше уште поимпресивна ако се знае дека тој стартуваше на 16. место по казната поради менување на моторот.
„Казната за моторот е таа. Имавме добра трка, но со вакви глупави одлуки го убиваат спортот. Се надевам дека и на фановите нема да им се допадне одлуката и следната година нема да дојдат. Ова е ужасна одлука. Ги ограбија фановите тука. Ова беше одлична трка и тие ја уништија“, изјави Ферстапен.
From joy to despair for @Max33Verstappen#USGP ?? #F1 pic.twitter.com/oI5Cc7eqxW
— Formula 1 (@F1) October 22, 2017
Се јави и неговиот татко, поранешниот Ф1-тркач Јос, со серија коментари на Твитер обвинувајќи ја ФИА дека го фаворизира Ферари.
„Срамота за луѓето од ФИА. Очигледно Формула 1 не знае што значи тркање“, напиша Ферстапен.
Критики дојдоа и од не-извршниот директор на Мерцедес, трикратниот шампион Ники Лауда, и тоа во моментите кога неговиот тим ја славеше четвртата титула кај конструкторите.
„Најлошата одлука која сум ја видел. Макс не направи ништо погрешно. Ова се тркачи и ова не е обичен пат. Смешно е да се уништува спортот со ваква одлука“, изјави Лауда.
WATCH: Max Verstappen gives his reaction to being handed a five-second time penalty at the US GP #SkyF1 #F1 https://t.co/zPzaVhup8H pic.twitter.com/h7Dy1DBZbz
— Sky Sports F1 ? (@SkySportsF1) October 22, 2017