Top Sport

На Клоп му е доста од Дејан Ловрен!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека е исфрустриран од слабата одбрана на неговиот тим, посочувајќи го посебно хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен и неговата грешка при вториот гол при 4:1 поразот од Тотенхем.

Вториот гол на Кореецот Сон Хеунг-Мин дојде откако Ловрен направи погрешна проценка при една интервенција со глава по само 12 минути игра. Ловрен потоа беше заменет по само 30 минути.

„Првиот гол беше навистина лош бидејќи како да не бевме на теренот. Навистина лоша, лоша, лоша одбрана. Во вториот, по контра-нападот, кога топката го помина Дејан Ловрен беше предоцна.  Да беше до мене, Хери Кејн немаше да ја добие топката“, изјави Клоп.

Германскиот стратег, сепак, додаде дека и покрај грешките на Ловрен, целиот тим потфрлил на „Вембли“.

„Сега мораме да сфатиме дека самите сме одговорни за играта и резултатите. Можеме и мораме да го поправиме тоа. Тотенхем беа добри, но ние им ја олеснивме работата“, додава Клоп.

Scroll to Top