Top Sport

Ферстапен инсистира дека нема „чудна“ разлика во болидите со Перез

Светскиот шампион, Макс Ферстапен ги нарече коментарите на шефот на Мерцедес, Тото Волф, „ср.ње“, откако Австриецот посочи дека имало „чудна“ разлика во перформансите на болидите на Ред бул, сугерирајќи дека Серхио Перез има поинаков болид од Ферстапен.

Ферстапен беше на пол-позицијата во Холандија, со 1.3 секунди предност пред Перез, но уште позачудувачки беше во неделната трка во која Ферстапен во еден дел од трката надополнуваше повеќе од една секунда по круг од Мексиканецот.

„Чеко не е идиот, туку победник на ГП трки. Не го сфаќам тоа. Видовме дека Макс си креира болид за себе кој тешко се контролира и кој е брз, но нема смисла во тие разлики. Не гледам објаснување“, изјави Волф во Холандија.

Ферстапен, пред Италијанското ГП овој викенд, одговори луто на ваквите коментари.

„Ср.ње коментари, воопшто не е така. Јас само возам колку што можам побргу. Не им кажувам на момците да ми дадат повеќе моќ, бидејќи тоа не функционира така. Само им велам да направат најбрз болид што можат и тоа е мојата работа. Се адаптирам на болидт кој го имам и тоа е мојата предност“, вели Ферстапен.

Scroll to Top