Top Sport

Тонали и Донарума ќе добијат различен пречек на „Сан Сиро“

Ждрепката не ги посака Милан во Лигата на шампионите, добивајќи ја „групата на смртта“ со Њукасл, Пари Сен-Жермен и Борусија Дортмунд, но ова ќе биде шанса за навивачите на „росонерите“ да пречекаат свои двајца поранешни играчи – Сандро Тонали и Џанлуиџи Донарума. И двајцата сигурно ќе имаат различен пречек.

Донарума уште е омразен лик кај голем дел од навивачите, откако си замина како слободен играч во ПСЖ, што многумина го сметаа како предавство на клубот кој му даде шанса да ја почне кариерата. Тој на само 16 години дебитираше во Серија А, беше на голот во тешките периоди за да стане прв избор во репрезентацијата, но си замина без Милан да добие цент. Тој доби прекар „Доларума“ поради „алчноста“ за пари и веќе беше пречекан со свирежи кога Италија играше на „Сан Сиро“.

Од друга страна, Тонали уште предизвикува респект кај навивачите. Не само што клубот доби рекордни 80 милиони евра за неговата продажба, туку и самиот тој инсистираше дека сака да остане на „Меаца“, клубот за кој навива од неговото детство. Но, управата на клубот практично го „истера“ од клубот за да финансира обнова на тимот, неколку дена по отказот кој го доби директорот на клубот, легендарниот Паоло Малдини.

Scroll to Top