Top Sport

Ферстапен: Исходот од овој шампионат нема да ми го промени животот!

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен денеска изјави дека исходот од борбата за титулата сезонава во Ф1 „нема да му го промени животот“.

Холанѓанецот е во трка за титулата со актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес кој има 2 бода повеќе од него во пресрет на претстојната трка во Турција.

„Секогаш давам се од себе и знам дека екипата го прави најдоброто. Ако тоа на крајот е доволно за прво место, тоа ќе е врвно достигнување. Но ако завршам втор, и понатаму ќе сметам дека сезоната беше одлична, тоа нема да ми го промени животот“ вели Ферстапен пред новинарите во Турција.

Меѓу конструкторите, актуелниот шампион Мерцедес има 33 бодови повеќе од Ред Бул.

Ферстапен се надева дека оваа година условите на патеката во Истанбул ќе се подобри за разлика од минатата сезона кога многу од возачите се пожалија дека патеката е лизгава.

Сезонава Ферстапен има 7 победи во Ф1, а Хамилтон 5.

Scroll to Top