Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Белгија. Сепак, поради казната, бидејќи го смени моторот, Холанѓанецот траката ќе ја започне од 15.позиција.
Ферстапен беше доминантен во квалификациите, далеку пред конкурентите, дури ни возачите на Ферари не можеа да се доближат. Зад Ферстапен квалификациите ги завршија Саинц, Перез, Леклер, Окон, Алонсо, Хамилтон, Расел, Албон, Норис.
Меѓутоа редоследот на стартот за утрешната трка ќе биде многу поинаков. Покрај Ферстепен, казни добија Леклер, Окон и Норис.
Тоа значи дека пол-позицијата ја доби Саинц, а до него во првиот ред ќе биде Перез. Поранешните светски шампиони Алонсо и Хамилтон се во вториот ред.
Тргата за ГН на Белгија, во недела, ќе започне во 15 часот.