Top Sport

Ферстапен ја продолжи „војната“ со Хамилтон: Овојпат беше негова е.ана грешка! (видео)

Макс Ферстапен го обвини светскиот шампион Луис Хамилтон за невнимателно тркање, по нов инцидент меѓу двајцата во квалификациите за Американското ГП.

Додека Валтери Ботас освои неочекувана пол-позиција, Хамилтон беше само петти најдобар во Остин, на патека на која има пет победи, но може да ја освои титулата со осмо место вечерва.

Меѓутоа, најинтересниот дел од квалификациите беше во моментите кога Хамилтон и Ферстапен се најдоа во 19-тиот круг во моменти кога Хамилтон се обидуваше да го помине Данил Квјат во Торо росо и го истурка Ферстапен до крајот на патеката. Холанѓанецот врескаше на радиото: „Па, сега е негова е.ана грешка, нели?“.

Ова беше само продолжување на расправијата од минатаа недела, кога двајцата имаа тесен дуел на Мексиканското ГП, и Хамилтон изјави дека се плашел дека ќе биде „торпедиран“ од Ферстапен и го нарече неговото возење „смешно“.

Сега, Ферстапен беше лут.

„Сите се обидовме да имаме летечки кругови и успорувавме да направиме место за другите, а Луис возеше како да нема никој таму и не му беше грижа. Си помислив, ако нему не му е грижа и јас ќе го правам истото. Другите возачи се почитуваат меѓу себе“, вели Ферстапен.

Стјуардите на трката решија дека нема потреба за казни. Макс ќе ја стартува трката на третото место, а Луис на петтото место, така што може да не очекува интересен тексашки дуел.

Scroll to Top