Top Sport

Ферстапен: Јас во болница, а тој слави – неспортски и неприфатливо

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, не успеа да ја заврши трката за Големата награда на Велика Британија. Ферстапен, во вториот круг, излета од патеката, по инцидентот со големиот ривал, Луис Хамилтон.

Хамилтон, на крајот успеа да победи, ја забележа 99.победа во кариерата и ја намали предноста на Ферстапен во генералниот пласман на само осум поени. Ред Бул не освоија бодови на оваа трка, па благодарение на третото место на Валтери Ботас, Мерцедес ја намали предноста на ривалите, во конкуренција на конструктори на само четири поени.

Ферстапен по инцидентот, најпрвин заврши во амбулантното возило, а потоа од претпазливост беше префрлен во локалната болница.

„Драго ми е што сум ОК. Ударот беше силен, 51 Џ, но сега се чувствувам добро. Очигледно е дека сум разочаран што на ваков начин бев елиминиран од трката. Казната која е одредена не помага и не праведна за еден така опасен потег, каков што направи Луис на патеката. Го гледав како слави по трката, додека јас се уште бев во болница – тоа е непочитување и неспортско однесување, но ќе го надминеме тоа“, напишал Ферстапен на социјалните мрежи.

Сезоната во Формула 1 ќе продолжи на 1.август со трката за Големата награда на Унгарија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max Verstappen (@maxverstappen1)

Scroll to Top