Top Sport

Ферстапен ќе стартува од пол-позицијата во Бахреин

Макс Ферстапен ќе стартува од пол – позицијата на трката за Големата награда на Бахреин, со која почнува новиот шампионат во Формула 1. Тој беше најбрз на квалификациите, а одлично го следеше и неговиот тимски колега Серхио Перез.

Холанѓанецот имаше најдобро време, 1:29.708 минута.

Од вториот ред ќе тргнат Шарл Леклер и Карлос Саинц, а потоа следува Фернандо Алонсо. Во топ десет се и Расел, Хамилтон, Строл, Окон и Хулкенберг.

Scroll to Top