Top Sport

Ферстaпен: Колку пати имате ваква шанса?

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстaпен, рекол дека ужива во моментот и во напнатата завршница на сезоната, во која влегува како фаворит за освојување на титулата.

На четири трки до крајот на сезоната, Ферстaпен има 19 поени повеќе од актуелниот шампион, Луис Хамилтон. Викендов, Формула 1, ќе се вози во Бразил на патеката Интерлагос.

Лани Ф1 не се возеше во Бразил, а во 2019 година победи Ферстепен.

„Мислам дека можеме да завршиме добра работа тука. Надморската визочина е голема, што е добро за нас. Нема многу кривини. Но во 2019 година имав жестока борба со Хамилтон, очекувам така да биде и оваа година“, рекол Ферстапен за „Скај спорт“.

Ферстепен и покај тоа што има солидна предност, нема намера ништо да му препушти на случајот.

„Имав и поголема предност која исчезна во само две трки. Мораме да бидеме најдобри, а по овој викенд ќе се обидеме да победиме во наредната трка. Колку пати имате ваква шанса? Можеби ваква шанса нема да имам наредната година. Навистина уживам во овие моменти“.

Трката во Бразил ќе стартува во недела, во 18 часот, по средно-европско време.

Scroll to Top