Top Sport

Ферстапен: Мерцедес? Среќен сум во Ред Бул

Макс Ферстапен, трикратниот светски шампион и лидер во актуелниот шампионат во Формула 1, истакна дека речиси и да нема шанси да се пресели во тимот на Мерцедес.

Во последно време тие гласини ги подгреа Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, кој неколку пати изјави дека Холанѓанецот му е прва желба, а ова го поддржа и Џорџ Расел, кој рече дека не би имал ништо против да биде во ист тим со и Макс.

Сепак, асот на Ред Бул јасно стави до знаење дека таа опција не го интересира.

„Ваквите одлуки не се носат лесно, а јас сум многу среќен во мојот сегашен тим. Сакам да го имам најдобриот автомобил и тоа е се што барам. Тоа сега го имам и ќе се обидеме да го задржиме исто и во годините што доаѓаат“, изјави Ферстапен.

Холандскиот ас истакна дека нема голема желба за нов предизвик.

„Зошто да го напуштам тимот со кој сум во најдобра позиција и за кој верувам дека може долго да доминира“, изјави Ферстапен.

Формула 1 шампионатот продолжува овој викенд во Имола.

Scroll to Top