Top Sport

Ферстапен може да биде и дисквалификуван од Џеда, тој тврди дека „ова веќе не е Ф1“

Макс Ферстапен може да добие и дополнителна казна за хаотичното Саудиско ГП, откако стјуардите го повикаа на разговор за судирот со Луис Хамилтон во финишот на трката, покрај казната од 5 секунди која ја доби за тоа што доби нелегално предност со кратење на патеката.

Ферстапен ќе одговара за бизарниот инцидент во финишот на трката, кога бидејќи требаше да му ја предаде позицијата на Хамилтон поради тоа кратење, тој успори премногу, а Хамилтон се удри во него и го оштети крилото. Ферстапен потоа уште еднаш му ја предаде првата позиција на Хамилтон, пред веднаш да го претекне на последната кривина, но на крајот не можеше да изддржи и заврши како втор.

Ферстапен е обвинет според одделот 2(д) на интернационалниот спортски код на ФИА кој вели: „Предизвикување на судир, повторување на сериозна грешка или недостаток на контрола на болидот (како излегување од патеката) ќе биде пријавено кај стјуардите и може да донесе казни до дисквалификација на возачот“.

Ферстапен своето мислење за хаосот во Џеда го кажа преку радиото кога му беше соопштено дека е возач на денот.

„За среќа, фановите имаат јасно мислење за тркањето, бидејќи тоа што се случи денеска е неверојатно. Се обидувам да се тркам, но тука се работи повеќе за казни отколку за тркање. За мене, ова не е Формула 1, но барем фановите уживаат. Го дадов максимумот денеска, но не бевме доволно брзи“, изјави Ферстапен.

Судири, казни, контроверзи и обвинувања – Хамилтон победи, Ферстапен казнет, следниот викенд финалето

Scroll to Top