Top Sport

Ферстапен му го расипа тестот од соништата на Шуми Јуниор

Макс Ферстапен во Ред бул имаше најдобро време на првиот ден од тестирањето во Бахреин, со половина секунда предност пред дебитантот на Ферари, Мик Шумахер, синот на седумкратниот Ф1 шампион Михаел.

Првите три часа од тестирањето се одвиваа на суво, но во попладнето реткиот дожд во Бахреин ги поремети плановите на тимовите, кои немаа гуми за дожд, ниту „средни“ гуми. За среќа, условите во доцното попладне се поправија.

Шуми Јуниор, кој оваа сезона дебитира во Ф2, успеа да комплетира 33 круга утрото, за попладнето да додаде 21 круг и да скокне од осмото на второто место. Неговото време од 1:29.976, беше поспоро од тоа на Ферстапен (1:29.379).

Трето најдобро време имаше Лендо Норис во Мекларен, пред Роман Грожан (Хас), Александер Албон (Торо росо), Луис Хамилтон (Мерцедес), Даниел Рикардо (Рено), Ленс Строл (Рејсинг поинт), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) во топ 10.

Scroll to Top