Foto/ EPA
Макс Ферстапен од пол-позицијата ќе ја започне последната трка во сезоната, Големата награда на Абу Даби.
Актуелниот светски шампион најбрзиот круг го извозе со време 1:23.445 минути. Во првиот ред покрај Макс ќе биде асот на Ферари, Шарл Леклер, кој заостануваше 0,139 секунди зад Холанѓанецот. Третото место го освои Оскар Пјастри во Мекларен со минус 0,337 секунди. Вториот ред на стартот го комплетираше возачот на Мерцедес, Џорџ Расел (-0.343).
Од петтото до 10. место ќе стартуваат Ландо Норис (Мекларен), Јуки Цунода (Алфа Таури), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Нико Хулкенберг (Хас), Серхио Перез (Ред Бул) и Пјер Гасли (Алпин) .
Разочраа во квалификациите возачите на Мерцедес и ФерариЛуис Хамилтон и Карлос Саинц. Хамилтон ќе стартува од 11., а Саинц од 16.место.
Трката за Големата награда на Абу Даби, в недела ќе започне во 14:00 часот.