Top Sport

Ферстапен најбрз, Хамилтон петти на првиот тренинг

На патеката „Јас Марина“, во Абу Даби, се одржа првиот тренинг во пресрет на последната трка во првенството на Формула 1. Првиот тренинг, возачите го искористија з да испробаат различни видови на гуми и да дознаат како ќе се однесуваат болидите по топлото време.

Првиот тренинг во Абу Даби му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул. Холанѓанецот забележа време 1:37.378 минути. Верстапен за 34 илјадити делови од секундата беше побрз од Валтери Ботас во Мерцедес. На третото место тренингот го заврши Естебан Окон од Рено, кој заврши пред вториот возач на Ред Бул, Александер Албон.

Актуелниот светски првак, Луис Хамилтом, кој поради коронавирусот ја пропушти минатата трка, го имаше петтиот најдобар резултат. Возачот на Мерцедес, во текот на целиот тренинг возеше со тврди гуми.

Зад Хамилтон беа возачите на Рејсин Поинт и Алфа Таури, Ленс Строил и Серхио Перез, односно Данил Квјат и Пјер Гасли. Десеттото место му припадна на ветаранот од Алфа Ромео, Кими Раиконен.

Вториот тренинг ќе се вози во 14 часот.

Scroll to Top